Италијанските власти уапсија двајца преживеани бродоломника во води близу Либија под сомнение дека шверцувале луѓе, соопшти министерот за инфраструктура Грацијано Делрио.
Тие двајца – капетан и негов помошник, биле уапсени синоќа по доаѓањето во Катанија сициллијанско пристаниште каде биле префрлени од италијанските власти откако ги извлекле од море.
Бродот потона во неделата, а според УНХЦР животот го загубиле 800 луѓе. Полицијата досега извршила разговори со 27 преживеани.
Делрио рече дека апсењето на капетанот и неговиот прв помошник го наредил државниот обвинител.