Италијанскиот Сенат го презеде првиот чекор за отстранување на Берлускони од Парламентот

Од:

Комитетот на италијанскиот Сенат презеде синоќа прв чекор за отстранување од Парламентот на поранешниот премиер Силвио Берслускони заради обвинувања за финансиски малверзации.

Тој пред гласањето рече дека ќе продолжи да се занимава со политика. Комитетот на Сенатот во кој доминираат политички противници на Берлускони го отфрли синоќа техничкото барање на неговата партија Народ на слободата да му биде потврден мандатот ан Берлускони што поттикна членови на десниот центар да ја напуштат седницата.

– Ова беше политичко гласање за да се уништи Берлускони, изјави сенаторката Елизабета Каселати од ПДЛ.

Левичарите сметаат дека Берлускони е на пат да биде отстранет од Парламентот.

– По вечерашново гласање, статусот на Берлускони е официјално доведен во прашање, изјави Дарио Стефано од малата левичарска партија Левица, екологија слобода.

– Ќе останам со вас без оглед дали ќе има ‘паѓање на Берлускони’ или не. Можно е да се занимавам со политика и вон Парламентот, рече Берлускони во видео обраќање пренесувано од РАИ Њуз 24. Би-Би-Си наведува дека неговото обраќање било „емотивно“ и оти тој потенцирал дека во Италија се „извртуваат“ демократските пронципи.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски