Италијанскиот парламент разгледува предлог закон со кој што жените би добивале одмор за време на циклусот

Од:

Италијанскиот Парламент разгледува предлог закон, доставен од владејачката Демократска партија, со кој компаниите би биле должни на своите вработени жени кои имаат болна менструација, да им дадат по три дена платен одмор секој месец.

Доколку законот биде усвоен, Италија ќе стане првата европска земја во која вработените жени ќе имаат право на службен одмор за време на месечниот циклус.

Предлог законот е оценет од локалните медиуми како „позитивен чекор во помошта на жените кои страдаат од болни менструации“. Меѓутоа, тука се и критичарите, дури и меѓу жените. Имено, некои од поборничките за женски права стравуваат дека овој потег може да има контраефект во борбата за еднаквост.

Италија е меѓу земјите со најниска стапка на учество на жените на пазарот на трудот, со 61 насто, што е далеку под европскиот просек од 72 насто.

– Доколку им биде дозволено на жените да земаат три дена платен одмор секој месец, тоа ќе значи поголема предност за мажите при вработување, смета активистката Лоренца Плеутери.

Италија, инаку, веќе има закон кој на жените им обезбедува пет месеци платено породилно отсуство, со право на 80 отсто од платата, а покрај тоа и двајцата родители имаат право на шест дополнителни месеци родителско отсуство со право на 30 отсто од платата.

Постојат и стравувања дека ваквиот закон ќе ги засили предрасудите околу преголемата чувствителност на жените во „оние денови од месецот“.

Слични закони веќе постојат во некои кинески провинции, Јапонија и Јужна Кореја, а таква пракса имаат и некои приватни компании, како што е „Најк“.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски