Пратениците од движењето „Пет ѕвезди“ вратија над 1,5 милиони евра од своите плати и дополнителни надоместоци со цел да го привлечат вниманието кон големиот државен долг на Италија.
Парите собрани за два и пол месеци, ќе бидат внесени во државната каса, со цел да и се помогне на Италија да го врати својот долг од два билиони евра. Италија е втора во Европската унија според висината на долгот, по Грција.
– Денес ќе биде нашиот Ден на реституција! Тоа значи дека ние ги исполнуваме своите ветувања, значи надеж, напиша вчера пратеникот од Движењето „Пет ѕвезди“ Алесандро ди Батиста на блогот на лидерот на партијата, Бепе Грило.
Италијанските пратеници добиват нето плата од пет илјади евра месечно. Кон таа сума се додаваат уште илјада евра дополнителни надоместоци и средства за различни трошоци. Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој просечните приходи на едно италијанско семејство изнесуваат околу две илјади евра.