Италијанскиот научник Џан Паоло смета дека вакцината кај луѓето произведува развој на хомосексуалност.
Седумдесет годишниот научник, новинар и противник на вакцините, изјави дека всушност со вакцинирањето луѓето стануваат хомосексуалци.
Тој не ги обвинува хомосексуалците за „болеста“, како што ја нарекува, исто како што не ги обвинува и оние кои што боледуваат од срце или рак.
Како главна причина зошто некој е хомосексуалец според него е вакцината која што го вознемирува умот и духот.
Тој смета дека откако почнало масовното вакцинирање се зголемил и бројот на хомосексуалците.
Но некои од неговите аргументи се негирани уште пред 30 години.
Во 1975 година Американското здружение на психолози ги отфрли мислењата дека хомосексуалноста е ментално пореметување, наведувајќи дека во истражувањата не е пронајдена никаква врска помеѓу сексуалната ориентација и психопатологија.
Елена Георгиевска