Италијански министер: Имигрантите нека работат бесплатно

Од:

Барателите на азил во Италија можеби ќе работат бесплатно, изјави синоќа италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано. Изјавата ја даде на средба на градоначалници потсетувајќи ги на контроверзниот декрет донесен пред неколку месеци.

– Мораме да бараме од локалните власти да применат наши директиви и да им понудат на имигрантите да работат бесплатно….Наместо да ги оставиме невработени, тие би требало да работат, вели Алфано.

Марио Морконе претставник од тоа министерство, вели дека барателите на азил може да работат за „јавно добро“, на пример за уредување на животна средина при што би им било платено само осигурување.

Одлуката на министерството се однесува на баратели на азил кај кои обработката на барањето може да трае до две години. Додека не добијат статус на бегалци, азилантите немаат право да работат во Италија. Повеќе од 9.000 нови имигранти пристигнаа во Италија само во изминатата недела.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо