Италијанската Влада најави помош за граѓаните при плаќањето на сметките за гас и електрична енергија

Од:

Италијанската Влада денеска вети дека ќе им помогне на граѓаните да ги платат сметките за електрична енергија и гас до крајот на годината, приклучувајќи им се на европските земји кои се обидуваат да го намалат товарот од зголемувањето на цените на енергијата.

– Некои сметки за гас нема да мора да се платат во последниот квартал од оваа година, изјави премиерот Марио Драги, а Владата ќе отпише и дел од сметките за електрична енергија за семејствата и малите претпријатија.

Граѓаните со ниски примања ќе добијат повисоки суми за ваучери за трошоци за енергија, истакна Драги во својот говор на собирот на италијанските индустриски асоцијации.

Тој нагласи дека пакетот мерки за поддршка ќе ја чини државата повеќе од три милијарди евра.

– Без политичка интервенција, цените на гасот ќе се зголемат за уште 30 проценти, а цената на електричната енергија за дури 40 отсто до крајот на годината, истакна италијанскиот премиер.

Драги додаде дека Владата нема да ги зголеми даноците. „Во оваа фаза парите не се собираат, туку се делат“, рече тој.

Владата очекува економијата да продолжи да се опоравува од последиците од пандемијата на Ковид -19, делумно потпирајќи се на милијарди евра од фондот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски