Италијанската полиција заплени кокаин и хашиш, уапси двајца албански државјани

Од:

Италијанската полиција во две одделен акции запленила 16 килограми чист кокаин, кој на наркопазарот би достигнала вредност од неколку милиони евра, како и десет пакети со хашиш, кој достигнува вредност од над 100 илјади евра, пренесуваат албанските медиуми.

Кокаинот, кој бил пакуван во 15 пакетчиња бил откриен во возило БМВ, управувано од 39-годишен Албанец кој живеел во Милано. Возилото било запрено за рутинска контрола во Церето, но карабињерите се посомневале поради однесувањето на возачот, кој покажал знаци на нервоза и нетрпеливост и извршиле детална контрола.

Албанскиот државјанин е уапсен а освен дрогата, која била наменета за пазарот во Абрузо, запленето е и возилото.

Во втората акција, полицијата во Парма запленила хашиш пакуван во 10 пакети, вредна над 100 илјади евра а уапсен е 41-годишен албански државјанин. Дрогата според полицијата била наменета за помладата популација. Мала количина од дрогата била отриена кај уапсениот, додека останата во подрумските простории на куќата каде што живеел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски