Италијанската полиција уапси десетици членови на наркомрежа

Од:

Италијанската полиција уапсила 68 осомничени членови на меѓународна наркомрежа, која се подготвувала да внесе осум тони кокаин од Колумбија во Италија.

Вредноста на кокаинот изнесувала 1,6 милијарди евра. Дрогата била скриена во плантажа за банани во близина на колумбиското пристаниште Турбо. Италијанската полиција заплени пробна пратка од 63 килограми чист кокаин во кутии со банани во тосканското пристаниште Ливорно.

Наркомрежата била составена од членови на калабриската мафија Ндрангета и повеќе инвеститори, како физички лица така и компании, како ресторани, хотели, автосалони, ноќни клубови и продавници за цигари.

Конфискувани се и недвижни имоти, луксузни возила и банкарски сметки во вредност од осум милиони евра. Операцијата била спроведена во соработка со британската и колумбиската полиција.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се седум тони кокаин закопани на имот во Шпанија

А1он

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец

ВИДЕО: 46 килограми кокаин откриени во контејнер за банани во пристаништето во Солун

Катерина Ѓуровски

Европол: Откриен синџир на трговија со кокаин, запленети 5,8 тони дрога, уапсени 32 лица

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

Предраг Петровиќ