Италијанската полиција од Албанци запленила 23 килограми кокаин

Од:

Полицијата од италијанскиот град Фиренца запленила 23 килограми кокаин, што според неа е најголема количина до сега запленета во овој град.

Како штојави дописникот на МИА, во акцијата уаспени се двајца албански државјани и една Романка, која била во еден од автомобилите со кои се пренесувала дрогата, поделена во два дела, 11 и 12 килограми.

Дрогата била отркиена при рутинска контрола, кога полицијата на автопат ги запрела двата автомобила. Полицијата запленила и две илјади евра и четири мобилни телефони.

Тројцата уапсени ќе одговараат за поседување и продажба на наркотични средства. Идентитетот на уапсените не се соопштува, во интерес на истрагата, зашто полицијата се сомнева дека тие се само дел од меѓународна организација за шверц со дрога.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога