Италијанската полиција уапси 34 лица, вклучувајќи и еден судија и двајца полицајци, поради обвинение за перење пари, шверц на злато и илегална продажба на оружје.
Истрагата, која што е спроведена во Палермо, ја предводеше еден таен полицијаец кој влегол во криминалната банда, и откри ланец на криминалци кои што биле поврзани со мафијата кој оперира ширум Италија.
Полицијата во акцијата заплени повеќе од 11 милиони евра фалсификувани пари.
Постои сомнеж дека лидерот на криминалниот ланец е адвокатот Ѓани Лапис, кој е поврзан со семејството на Чианчимино.
Вито Чианчимино, поранешен градоначалник на Палермо е обвинет на 90 години затвор поради учество во неколку злосторства поврзани со мафијата.
Елена Георгиевска