Италијанската полиција заплени денеска 1,8 милијарди евра во сопственсот на јапонската банка „Номура“ и почна истрага против поранешниот директор на банката Садек Сајед поради неговата наводна поврзаност со проблематичната италијанска банка Монте деи Паски.
Обвинителството, исто така, заплени и вкупно 14,4 милиони евра од четири лидери на банката Монте деи Паски ди Сиена, кои се под истрага.
Во соопштението на обвинителството се наведува дека Сајед и Ричи се под истрага поради „сериозно нарушување“ на активностите на надзорниот орган и поради лажни изјави.
Против банката Монте деи Паски кон средината на јануари е почната истрага откако беше отркиено дека лидерите на најстарата банка во светот прикривале трансакции.