Италијанската полиција и царина денес запленија повеќе од 190 килограми кокаин во калабријското пристаниште Џоја Тауро.
Дрогата се наоѓала на брод кој пловел со знаме на Маршалските острови.
Кокаинот бил спакуван и расподелен во 148 пакетчиња сокриени во вреќи со кафе, соопшти полицијата.
Полицијата прецизираше дека уличната цена на запленетата дрога изнесува неколку милиони евра, како и дека бродот тргнал од Јужна Америка, а пловел кон Турција.
Елена Георгиевска