Комеморативна церемонија се одржа денеска во малиот италијански град Монтерускиело за жртвите кои загинаа во автобуската несреќа.
Роднините и пријателите на 38-те загинати заедно со премиерот Енрико Лета, присуствуваа на церемонијата која се одржа во спортска сала.
Истрагата се уште трае, а според полициски извори најверојатно станува збор за проблем со гумите на возилото.
Властите исто така наредија да биде извршена аутопсија врз телото на возачот.