Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска доби заканувачки писмо во кое предупредува дека меѓународна пропалестинска група во сабота ќе ги нападне „сите интереси на терористичката држава Израел“, вклучувајќи ги амбасадите, музеите и произраелските собири.
Глобалното движење за ослободување на Палестина испрати „предупредување до властите на земјите кои го поддржуваат ентитетот ционистички Израел, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, во светло на глобалниот молк и неограничената поддршка за злосторството на геноцид врз палестинскиот народ“, пренесува агенцијата Нова.
Групата изјави дека, почнувајќи од сабота, ќе употреби вооружена сила за да ги нападне сите интереси на „терористичката држава Израел, меѓународно обвинета за воени злосторства и геноцид“, вклучувајќи ги нејзините амбасади, музеи и собири низ светот.
Во писмото се наведува дека групата верува во правото на палестинскиот народ да живее на својата земја и да го продолжи „отпорот до ослободување“.
Групата, исто така, истакна дека најавените напади ќе дојдат како одговор на израелското „убиство на повеќе од 50.000 невини деца, жени и стари лица и ранување на повеќе од 200.000 луѓе“, како и дека Глобалното движење за ослободување на Палестина е составена од луѓе од различни делови на светот.