Италија: Суспензијата на лекарите кои одбиваат да се вакцинираат е законска

Од:

Суспензијата на лекарите кои одбиваат да примат вакцина против Ковид-19 е законска, пресуди италијански суд во случајот на десетмина лекари кои поднесоа тужба поради отпуштање од работа.

Судија од градот Белуно во покраината Венето, Ања Травија, ја отфрли жалбата на десетмина здравствени работници во два геронтолошки центра, кои беа суспендирани во февруари бидејќи одбија да примат вакцина против коронавирусот, пишуваат локалните медиуми.

– Ефикасноста на вакцината во спречување на негативниот развој на болеста предизвикана од вирусот е добро позната и таа драстично ги намалува смртните случаи меѓу категориите на население, како што се здравствените работници или специјалистите во геронтолошки центар, нагласи судијката во образложението на пресудата.

Би можело да ве интересира

За македонските граѓани влез во Италија со сертификат или негативен ковид-тест

Италија ја проширува употребата на „суперзелениот“ сертификат

Катерина Ѓуровски

Италија воведе задолжителна вакцинација за Ковид-19 за сите постари од 50 години

Италија ги забрани новогодишните прослави поради зголемениот број на случаи на заразени со Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Италија воведува построги анти-ковид мерки, обврската за вакцинација се проширува

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести во Италија поради „зелениот пасош“ за на работа