Италија приведе две лица за шпионажа во корист на Русија, објави италијанскиот весник „Република“.
Уапсените се висок функционер во италијанската морнарица и руски војник распореден во медитеранската земја.
Италијанскиот капетан е приведен за време на состанок со руски службеник кој бил на должност во амбасадата во Рим. Според обвинението, тој во замена за пари предал документи што содржеле класифицирани информации. Капетанот е приведен, а во моментов се расчистува правната состојба со руската војска, со оглед на неговиот дипломатски статус.
„Република“ посочува дека станува збор за многу сериозен случај, кој покажува дека и Италија е вклучена во новата руска офанзивна стратегија. Покрај активностите во последниве години за делегитимирање на италијанската Влада, како што се кампањи за дезинформација од анонимни социјални профили и вести што ги шират органи поврзани со Кремљ, сега постои и обвинување за отворено непријателска иницијатива, како што е шпионажата.
Двајцата се приведени по долга истрага. Имињата и позициите на вклучените вработени сè уште не се познати. Се верува дека можните причини за предавство се од економска природа.
„Република“ додава дека случајот е без преседан во поновата историја на Италија. Последната операција за шпионажа беше во 1989 година, пред падот на Берлинскиот ѕид.