Италијанската полиција соопшти дека уапсила 20 лица осомничени дека на југот на државата заплениле имот во вредност од 450 милиони евра.
Во истрагата за калабријската мафија „Ндрангета“ која започна во 2008 година, откриени се повеќе криминални групи, во туристичките места на југот на Италија.
Меѓу притворените се и припадници на мафијашките групи Морабито и Аквино, како и двајца Шпанци и еден Британец.
Полицијата соопшти дека Шпанците и Британецот се притворени во соработка со полицијата на Шпанија и Велика Британија.
„Ндрангета“ е најсилна и најнемилосрдна од четири организирани криминални групи во Италија.
Елена Георгиевска