Италија конфискува имот на соработник на Путин вреден 30 милиони евра

Од:

Италијанските власти конфискуваа имот вреден 30 милиони евра на близок соработник на рускиот претседател Владмир Путин, согласно санкциите воведени од Европската унија.

Даночната полиција конфискуваше луксузен хотел во Рим, апартман и три вили на Сардинија и друга вила северно од италијанскит главен град, сопственост на Аркадиј Ротенберг, пишува весникот „Корере дела сера“.

Портпаролот на даночната полиција не ги потврди информациите, но „Кориере дела сера“ сепак на својата веб страница објави денеска видео од упадот на финансиската полиција на кое се гледа нејзиното официјално лого.

Ротенберг, кој е вклучен на црната листа на САД, е долгогодишен пријател на Путин. Според американското списание „Форбс“, тој е меѓу 479-те милијардери во светот со состојба од 3,4 милијарди долари.

ЕУ и САД воведоа санкции кон најблиските соработници на Путин како одговор на руската воена интервенција во Крим и тврдењата за руското вмешување во случувањата во источна Украина.

Би можело да ве интересира

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени