Италијанскиот сенатор од редовите на популистичката партија Северна лига, Роберто Калдероли ја спореди министерката од Конго, Сесил Куенж со мајмун, по што веднаш беше осуден од највисоките официјални лица во државата.
Калдероли во текот на вчерашниот состанок на својата партија во Тревиљо, во близина на Бергама истакна дека Куенаж треба да биде министерка во својата држава.
-Ги сакам животните, но кога ќе ја видам фотографијата на Сесил Куенж, не можам да не кажам дека личи на орангутан, иако си повторувам дека таа не е од нив-изјави тој.
Неговата расистичка изјава предизвика осуди од високите лица, помеѓу кои и премиерот Енрике Лета.
Сесил Куенж е првата црнкиња која стана министерка во италијанската влада. Таа е родена во Конго а во Италија пристигнала пред 30 години.
Eлена Георгиевска