Италија испрати воен брод на исток на Средоземното море, со цел да биде подготвена за евентуална евакуација на италијански војници од југот на Либан, во случај кризата од Сирија да се прошири во соседната држава, соопшти денес италијанската морнарица.
-Тоа е нашето најдобро средство за брзо дејствување во случај за потребна евакуација-изјави портпаролот на италијанската морнарица, Андреа Дориа.
Министерот за одбрана на Италија, Марио Мауро за радио „Раи Уно“ истакна дека тоа е само мерка претпазливост.
Во мисијата Финул, со која во моментов управува Италија, а која што е задолжена за контрола на границата помеѓу Либан и Израел, се наоѓаат 1.100 италијански војници.
Елена Георгиевска