Италија, со денешните 318 починати, го надмина прагот од 100.000 смртни случаи во пандемијата на коронавирусот, една година по избувнувањето, соопшти Министерството за здравство.
Вкупно 100.103 лица починаа во Италија, а најпогодени региони се Ломбардија со речиси 30.000 смртни случаи, потоа Емилија Ромања со околу 11.000 и Пиемонт и Венето со речиси 10.000 жртви.
– Деновиве се соочуваме со ново влошување на здравствената криза. Секој мора да стори се што може за да го ограничи ширењето на вирусот. Но, пред сè, Владата мора да си ја заврши својата работа. Ние не ја победивме пандемијата, но со забрзување на вакцинацијата можеме да го видиме исходот, кој не е далеку, рече премиерот Марио Драги.
„Со овие бројки, потребни ни се построги мерки“, напиша вчера на Фејсбук министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.
Досега во Италија се инјектирани 5,4 милиони дози вакцина, но само 1,6 милиони луѓе примиле две дози.
Во моментов, десет региони се класифицирани во портокаловата зона, шест во жолтата, три во црвената и еден, Сардинија, во белата зона.