Италијанската влада денес побара да се гласа во парламентот за довербата.
Гласањето е побарано за побргу се овозможи усвојување на поголем број мерки за зголемување на стопанскиот раст, кој доцни поради расправите за неколкуте предложени амандмани.
Се очекува коалициската влада на Енрике Лета да го преживее гласањето и да го усвои пакетот мерки. Вакв вид гласање за доверба речиси редовно се користи за забрзување на процесот за усвојување на закон во италијанскиот парламент.
Предложениот пакет мерки се однесува на ослободување на фондовите за проекти од јавни работи и зголемување на употребата на бежичниот интернет.
Елена Георгиевска