Италија ги затвори пристаништата за руските бродови

Од:

Во согласност со санкциите што Европската унија и ги воведе на Русија, Италија донесе одлука да им забрани на руските бродови да влегуваат во италијанските пристаништа од утре, 17 април, објавија денеска италијанските медиуми.

Повикувајќи се на циркуларното писмо на главната команда на пристанишните власти на Италија, агенцијата АНСА денеска објави дека забраната ги опфаќа и руските бродови кои го промениле знамето под кое пловат по 24 февруари.

„Руските бродови закотвени во Италија мора да ги напуштат италијанските пристаништа веднаш по завршувањето на нивните деловни активности“, се наведува во извештајот на АНСА.

Во петтиот пакет санкции против Русија, ЕУ им забрани на европските компании да купуваат јаглен и нафтени шкрилци од Русија, но го одложи активирањето на таа одлука за август годинава.

Италија, исто така, одлучи да го забрани патниот превоз за камиони на компании од Русија и Белорусија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади