Италија ги забрани новогодишните прослави поради зголемениот број на случаи на заразени со Ковид-19

Од:

Италија ги заостри мерките за спречување на порастот на инфекциите со Ковид, вклучително и забрана за сите новогодишни прослави бидејќи дневните инфекции достигнуваат рекордно ниво, соопшти италијанската влада.

Министерот за здравство Роберто Сперанза рече дека носењето маски повторно ќе биде задолжително надвор и им нареди на граѓаните да користат маски Ffp2 во јавниот превоз и на јавни места, како што се театри, кина и спортски настани, бидејќи тие обезбедуваат поголема заштита.

Покрај тоа, концертите и настаните на отворено ќе бидат забранети до 31 јануари, а дискотеките и клубовите ќе мора да ги затворат вратите до тој датум за да спречат масовни собири за време на празничната сезона.

Новите мерки беа објавени на денот кога Италија забележа 44.595 нови случаи на коронавирус, што е зголемување за повеќе од 70 проценти за само една недела, бидејќи заразната варијанта Омикрон почнува да се шири низ целата земја.

Имаше и повеќе смртни случаи, 168 вчера, што е најголем број од мај, но под нивоата на претходните пикови, најмногу поради големиот број вакцинирани лица.

Би можело да ве интересира

За македонските граѓани влез во Италија со сертификат или негативен ковид-тест

Италија ја проширува употребата на „суперзелениот“ сертификат

Катерина Ѓуровски

Италија воведе задолжителна вакцинација за Ковид-19 за сите постари од 50 години

Италија воведува построги анти-ковид мерки, обврската за вакцинација се проширува

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести во Италија поради „зелениот пасош“ за на работа

Во Италија од денеска на работа само со „зелен пасош“

Катерина Ѓуровски