Трговски центар на северот на Италија вчера бил евакуиран по предупредување за поставена бомба, пренесоа италијанските медиуми.
Околу 15.000 луѓе, купувачи и вработени, биле во луксузниот центар Серавал, во близина на Милано, во моментот на дојавата, па полицијата ги евакуирала мирно, не предизвикувајќи паника.
-Поставивме бомба во вашиот центар – биле зборовите на непознат маж кој преку телефон ја предупредил управата на комплексот.
Специјални служби го пребарувале трговскиот центар, обидувајќи се да докажат дека станува збор за лажна дојава, но околу објектот биле пожарникари, брза помош и полиција.