Најмалку едно лице загина, а три се водат како исчезнати, по експлозија која што се случи во фабрика за пиротехнички средства во централна Италија.
Како што јави агенцијата „Анса“ експлозијата се случи на местото Сант Анџело, во близина на Пескара.
По експлозијата избил голем пожар, а следеле и низа мали експлозии. Меѓу повредените е и пожарникар, а оштетени се повеќе домови.
Италијанските власти веднаш отворија истрага за инцидентот и работат за расчистување на случајот.
Елена Георгиевска