Италија денес со најмалку смртни случаи од Ковид-19 од март

Од:

Италија пријави 26 смртни случаи во деноноќието од 14 до 15 јуни, што е најмала бројка на починати лица од последици на Ковид-19 од 2 март наваму, јавуваат локалните медиуми.

Италијанската Агенција за цивилна заштита соопшти дека ова претставува пад на смртните случаи и во споредба со вчера, кога беа регистрирани 44 жртви.

Италија денес забележа и мал пад на бројот на новозаразени лица – 303, во споредба со вчера кога беа регистрирани 338 новозаболени.

Италија со вкупно 34.371 починати лица  е на четврто место по бројот на смртни случаи по САД, Велика Британија и Бразил. Со вкупно 237.290 инфицирани лица со Ковид-19, земјата е на седмо место во светот.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он