Истражување: Секој четврти во Европа има антисемитски уверувања

Од:

Секој четврти Европеец има антисемитски верувања што се во пораст во земјите од Источна Европа, додека во Западна Европа тие обично се на слично ниво како порано, покажува ново истражување.

Според истражувањето спроведено во 14 европски земји од Њујоршката лига против навреди (Anti-defamation league) антисемитски ставови се најраширени во Полска, Украина и Унгарија, во кои повеќе од 40 проценти од испитаниците изразиле вакви ставови.

Истражувањето покажа дека бројот на граѓани со антисемитски погледи во повеќето западноевропски земји е или помал од претходно или скоро непроменет.

Помала раширеност на антисемитски уверувања отколку порано има во Велика Британија, Шпанија, Холандија, Германија, додека значителен пад на ваквите ставови е регистриран во Италија и Австрија.

Благ пораст има во Данска и Белгија, додека во Франција нема промени.

Од испитаните земји, најмалку антисемити има во Шведска – четири отсто.

Би можело да ве интересира

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена