Истражување: Руски агенти двапати се обиделе да го отрујат Навални, првиот пат настрадала и неговата сопруга

Од:

Во труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални биле вмешани осум оперативци од таен оддел на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) кои дејствувале под покритие на Институтот за криминалистика на службата.

Ова се дознава од заедничкото истражување на на Си-Ен-Ен, Белингкат и Инсајдер, со учество и на германски Шпигел. Во извештајот што денеска беше објавен се тврди дека, два месеца пред труењето во Томск, имало обид за труење на Навални и во Калининград, при што настрадала и неговата сопруга Јулија.

Руските власти се уште немаат започнато официјална истрага за труењето на Навални, врз кого на 20 август 2020 година беше употребен боев хемиски агенс „Новичок“. Во сплет на околности, опозиционерот успеа да остане жив, откако патничкиот авион на релација Томск-Москва итно слета, а тој веднаш беше однесен во болница во Омск, а потоа префлен на лекување во Берлин.

Изданијата успеале да ги идентификуваат наводните сторители на атентатот врз Навални со анализа на мета податоци од телефонски повици, кои биле споредени со офлајн бази на податоци и податоци од отворени извори.

Според новинарите, се работи Станислав Макшаков раководител во институтот „Сигнал“ во Москва каде се разработувал нервниот агенс, Олег Тајакин (постар член на групата за труење на Навални „кој обично ги координирал дејствата на другите офицери“), Алексеј Александров (Инсајдер го посочува како клучен оперативец кој учествувал во двата обиди за труење на Навални), Иван Осипов, Константин Кудрјацев, Алексеј Кривошчеков, Михаил Швец и Владимир Пањаев.

Си-Ен-Ен овие лица ги нарекува „тимот за отрови на Русија“ и на чело ги става Александар Бортников, директор ба ФСБ и генерал-мајорот Владимир Богданов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски