Истражување: Најголемиот океан се наоѓа под Земјината површина?

Од:

Научници утврдија дека под површина на Земјата се крие вода, која што е дури три пати повеќе од моменталната количина во сите океани, пренесуваат агенциите. Ова откритие би можело да го промени начинот на кој ја набљудуваме планетата, нејзиното создавање, како и целиот свет околу себе.

Најновите истражувања, чии што резултати се објавени на 13-ти јуни во списанието „Science”, покажуваат дека на 660 километри под земјата се наоѓаат големи количини од минералот „рингвудит“, кој во себе има вода, пренесе „Гардијан“. Според тврдењата на геофизичарот, Стивен Јакобсен, еден од авторите на истражувањето на Северозападен Универзитет, тоа би можело да значи дека сета вода на нашата планета доаѓа од внатре и дека на површината избила поради геолошките активности на планетата, а не како што порано се мислеше дека таа е производ на топење на мразот, под се поголемите температури. -Геолошките процеси на Земјината површина, како земјотреси, вулкани, се само одраз на она што се случува во внатрешноста на нашата планета, а ние тоа не можеме да го видиме. Мислам дека конечно имаме можност во целост да го проучиме процесот на кружење на водата, кој може да даде појаснување за големите количини вода на планетава. Научниците со децении трагаа по вода во длабочините на Земјата- тврди Јакобсен.

10443860_10204054130219472_1011455845_n

Тој и неговите колеги први овозможија докази дека во обвивката на Земјиното јадро се наоѓа голема количина на вода. Нивното најново истражување е засновано на истражување на терен во САД, со помош на технологија која допира до длабочина од 660 километри, пишува „Гардијан“.

За постоењето на „рингвудит“, со послаби докази, неодамна укажуваше и тим од канадски научници, кој вршел истражувања во Бразил.

Ова истражување обезбеди докази за теоријата, според која од топење и движење на карпите во транзитната зона, помеѓу горниот и долниот Мантал може да се создаде вода, која останува заробена меѓу карпите на голема длабочина.

-Доколку не е така, тогаш сета количина на вода би се наоѓала на површината на нашата планета и само планинските врвови некаде би ѕиркале над водената површина- додава Јакобсен.

Според него токму тој слој на вода би можел да ја има улогата на тампон, поради кој нивото на океаните не се зголеми значително во последните милиони години.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска