Истражување: Британците повеќе се заразуваат од домашни посети отколку на работно место

Од:

Ново истражување спроведено од здравствените власти на Велика Британија открива дека најголем дел од пациентите кај кои е откриен коронавирусот, се заразиле при посети во домовите на други луѓе.

Секретарот за здравство, Мет Хенкок истакна дека релативно мал број на пациенти се заразуваат додека се на работа.

„Во моментов не размислуваме да ги вратиме поголемиот број на граѓани на работните места, така што ќе им кажеме само дека треба да носат заштитни маски“, додаде тој.

Според него, луѓето во земјата се заразуваат или го пренесуваат вирусот преку посета на друго домаќинство, во кое се среќаваат. Со цел да се спречи ширењето на вирусот „пред зимата“, Хенкок соопшти дека во престојниот период ќе се зголеми бројот на тестирања во сите делови на Британија.

Тој истакна и дека британската Влада развива капацитети во досега невидени размери, преземајќи амбициозни мерки за надзор врз процесот на тестирање на населението.

Во меѓувреме, аеродромот „Хитроу“ претстави нови простории за тестирање кои треба да стават крај на 14-дневниот карантин за патниците кои пристигнуваат во земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски