Истражниот комитет ги изнесе првите верзии за убиството на Борис Немцов

Од:

Истражниот комитет ги изнесе денеска првите верзии за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов, кои одат од криминал до политичка провокација, со тоа што тој чин бил добро испланиран, пренесе Танјуг.

Претставник на истражниот комитет Владимир Маркин рече дека нема сомненија оти тоа злосторство било добро испланирано. Истрагата утврдила дека Борис Немцов одел со својата партнерка во стан, што се наоѓал во близина на местото на убиството.

– Организаторите и егзекуторите добро ја знаеле таа рута, рече тој.

Според него, во разрешување на убиството се вклучени најдобрите детективи и форензичари, а случајот се смета за приоритет.

Прелиминарните резултати покажале дека политичарот е убиен од пиштол „Макаров“.

Стручњаците пронашле шест рамки муниција со калибар девет милиметри на местото на убиството.

Истрагата, рече тој, е насочена кон испитување сведоци и проучување на разговорите преку мобилен во областа на местото на нападот, и снимка со видео камера на обезбедувањето.

– Убиството би можело да биде и провокација да се дестабилизира ситуацијата во земјата. Немцов можел да биде избран за некој вид „жртва“ и тоа од страна на оние кои не се колебаат да искористат која било мета за да ги постигнат своите политички цели, рече Маркин.

– Постојат извештаи дека Немцов примал закани поради својот став за убиството на вработените во „Шарли ебдо“ во Париз, рече Маркин и додаде дека се истражува можна врска на убиството со граѓанската војна во Украина.

Мотивите, според него, можат да бидат и деловни, врзани за Немцов, а и врзани за неговиот личен живот.

Вчера, недалеку од местото на злосторството, е пронајден автомобил користен во нападот. Руски медиуми јавија оти имал регистарски таблици од Ингушетија.

Маркин ги замоли новинарите да не се поведуваат од непроверени информации. Тоа, според него, се однесувало и на тој автомобил.

Немцов е убиен во петокот вечерта околу 23.15 часот. Во него се испукани најмалку седум или осум куршуми, додека шетал по мостот со познаничка која пристигнала од Киев. Тој ќе биде погребан во Москва.

Би можело да ве интересира

Москва: Марш во знак на сеќавање на убиениот опозиционер Немцов

А1он

„Извештај Немцов“: Во Украина загинале 220 руски војници војници

Ана Ололовска

Тројца од уапсените за убиството на Борис Немцов не ја признаваат својата вина

Емир Латифовиќ

Немцов погребан на московските гробишта

Емир Латифовиќ

Сведоците го опишале убиството на Немцов

Емир Латифовиќ

Бан Ки-мун го осуди убиството на Немцов

Емир Латифовиќ