Истрагата утврди: Смртта на жената и нејзиниот син од Полска на траектот „Стена Спирит“ не е несреќа

Од:

Смртта на жена од Полска и нејзиниот седумгодишен син минатата недела кои паднаа од траект кој минуваше преку Балтичкото Море од Шведска до Полска, не е несреќа, покажа прелиминарната истрага на данските власти.

Случајот се истражува како можно убиство, соопштија од шведското обвинителство.

Данските власти го истражуваат случајот бидејќи траектот Стена Спирит пловел под данско знаме.

„Нашата истрага сосема јасно покажа дека тоа не е несреќа“, изјави Оесур Јарлеивсон Хилдуберг, шеф на данскиот одбор за истражување на поморски несреќи.

Според Хилдубрег, прелиминарната истрага собрала податоци од видеа, слики и сведоци. Фериботот бил на половина пат кога детето паднало во морето. Мајка му скокнала по него за да го спаси. Тие подоцна со хеликоптер биле префрлени во шведска болница, но на крајот починале.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро