Истрагата се приближува до двајца бомбаши од Бостон

Од:

Истрагата за американското федерално биро ФБИ и другите разузнавачки агенции досега довела од идентификување на фотографии на две лица, за кои се сомнева дека се извршители на терористичкиот напад врз маратонот во Бостон, во кој беа убиени тројца посетители, додека 170 беа ранети, од кои десетици со трајни повреди.

Извори во истрагата ги информираат американските медиуми дека еден од осомничените бил снимен од безбедносна камера во продавница, и се гледа како поставува торба во која била ставена бомба, меѓу илјадници граѓани собрани блиску до целта на маратонот. Според други информации, издвоена е снимка на уште еден осомничен, кој исто така носи сомнителна торба.

Снимките биле направени во близината на улицата Бојлстон, каде што беа поставени бомбите. Информациите се објавуваат нецелосно, што предизвика шпекулации дека полицијата ги следи осомничените и дека не сака да ги предупреди дека е блиску до нив, но во исто време се подготвува да побара помош од јавноста за нивно побрзо идентификување и лоцирање, со очекуваното објавување на снимките.

Телевизијата Си-Ен-Ен вчера објави дека едно лице веќе било уапсено, но таа вест набргу беше демантирана. Медиумот се повикуваше на извор во сојузна истражна агенција, кој немал дозвола да пренесува информации од истрагата до јавноста.

Во меѓувреме, агенцијата за имиграција ИЦЕ најави дека Абдурахман Али Алхарби, саудискиот студент кој беше предаден на полицијата од граѓани во Бостон како осомничен за нападот, наскоро ќе биде депортиран во Саудиска Арабија.

Студентот, кој пошол на маратонот облечен во традиционална арапска облека и по експлозиите бил видно преплашен, не се смета за осомничен за нападот.

Претседателот Барак Обама вчера имаше тајна средба со саудискиот министер за
надворешни работи Сауд ал Фаизал, кој престојува во САД. Средбата не беше
наведена на дневната агенда на претседателот, а претходната средба на Ал Фаизал
со државниот секретар Џон Кери беше најавена, но потоа затворена за јавноста.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он