Истрагата потврди: Терористички напад во Сиднеј, најмалку 12 лица се убиени, а 29 се повредени

Од:

Најмалку 12 лица беа убиени, а 29 се повредени во масовното пукање на плажата Бонди во Сиднеј, кое се третира како терористички напад, изјави на прес-конференција полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион.

Тој рече дека цел на нападот била еврејската заедница, која таму ја славела Ханука.

Тој додаде дека вечерва, во 21.36 часот по локално време, го прогласува за терористички напад.

– Овој напад беше насочен кон еврејската заедница во Сиднеј. На првиот ден од Ханука, она што требаше да биде ноќ на мир и радост, прославена во рамките на заедницата, со семејството, беше уништено од овој ужасен, злобен напад, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс.

Ланион додаде дека не може да потврди дали имало трет напаѓач.

Како што претходно беше објавено, меѓу повредените се едно дете и двајца полицајци.

Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, исто така, изјави на прес-конференција дека неговите полицајци пронашле возило во Бонди за кое веруваат дека содржи „неколку импровизирани експлозивни направи“.

– Како дел од истрагата и кратко по пукањето, полицијата пронајде возило во Кемпбел Параде во близина на плажата Бонди за кое веруваме дека содржело неколку импровизирани експлозивни направи. Нашата единица за деактивирање и пронаоѓање бомби моментално работи на тоа – рече тој.

Тој рече дека полициската операција е сè уште во тек.

Би можело да ве интересира

Идентификуван е еден од напаѓачите во Сиднеј, полицијата го претресува неговиот дом

(ВИДЕО) Продавачот Ахмед ал Ахмед спречи поголем масакр во Сиднеј

Нетанјаху: Австралија треба да внимава на реториката поврзана со антисемитизмот

Израел: Австралија да преземе одговорност по инцидентот во Сиднеј

(ВИДЕО) Храбар минувач разоружа еден од напаѓачите од Сиднеј

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масакр на позната плажа во Сиднеј, има голем број мртви и ранети

Горан Наумовски