Истрага во Велика Британија, дали зголемената смртност е поради локдаунот или последица на корнавирусот

Од:

Британските власти побараа да се спроведе истрага за причините за зголемениот број смртни случаи во земјата, стравувајќи дека повеќе луѓе умираат како последица од заклучувањето отколку од самата инфекција со коронавирусот.

Според новообјавените податоци на британската Канцеларија за национална статистика, забележано е дека седмично околу илјада луѓе повеќе од вообичаено умираат од болести што немаат врска со вирусот, пишува лондонски „Телеграф“.

Весникот посочува дека Министерството за здравство и благосостојба на Велика Британија побарало проверка на податоците.

Портпаролката на Министерството појаснува дека повеќето смртни случаи се поврзани со кардиоваскуларни болести и дијабетес.

„Анализата е во тек, но првичната истрага сугерира дека кардиоваскуларните болести и дијабетесот може да бидат делумно одговорни за поголемиот дел од смртните случаи“, рече портпаролката.

Таа уште вели дека најновите податоци ја нагласуваат важноста од активно управување со ризиците од срцеви заболувања, како и постоењето докази за можна превенција на многу од смртните случаи.

Во моментов неделниот биланс смртни случаи поврзани со Ковид во Англија и Велс опаѓа, за прв пат од средината на јуни. За една недела до 5 август, починале 723 заболени. Тоа е за 11 проценти помалку споредбено со седмицата претходно и прв пад на смртноста последните шест седмици.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Таравари: Има пораст на бројот на заразени со Ковид во државава, да се почитуваат препораките