Истрага во Полска, познати личности се вакцинирале преку ред

Од:

Полското Министерство за здравство започна истрага откако се откри дека неколку познати личности преку ред примиле вакцина против коронавирусот, а министерот за здравство вели дека е „згрозен“ од тоа.

Полска започна со вакцинација на 27 декември, а први на приоритетната листа се здравствените работници.

Меѓутоа, во меѓувреме е откриено дека 18 славни личности, вклучително и неколку актери и поранешниот премиер, ја примиле вакцината во болницата во Варшава преку ред, објави „Гардијан“.

Некои од вакцинираните тврдат дека им била понудена вакцината за подоцна да бидат дел од промотивната кампања за вакцинирање, а повеќето од актерите кои ја примиле дозата се лица во шеесеттите и седумдесеттите години.

Тоа предизвика гнев кај здравствените работници, од кои многумина не се вакцинирани, а министерот за здравство Адам Неџелски рече дека е „згрозен од скандалот“.

Болницата ќе спроведе внатрешна истрага по наредба на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух