Истрага: Во Илиноис, свештеници сексуално злоставувале 2.000 деца за 70 години

Од:

Во Илиноис (САД), во изминатите 70 години, 451 католички свештеник сексуално злоставувале речиси 2.000 деца, покажуваат резултатите од истрагата на државниот јавен обвинител на таа американска држава. Тој број е четири пати поголем од бројот што црквата го објави во 2018 година, пред почетокот на истрагата, пишува Асошиејтед прес.

Јавниот обвинител Кваме Раул на прес-конференција рече дека истражителите откриле дека католичкото свештенство злоставувало 1.997 деца во Илиноис помеѓу 1950 и 2019 година, иако тој призна дека многу случаи се застарени и дека овие насилници „никогаш нема да излезат на виделина“.

„Се надевам дека овој извештај ќе ги разоткрие оние кои ја искористија својата позиција и довербата што им беше дадена, како и луѓето од црковното раководство кои ја прикриваа таа злоупотреба“, рече Раул.

„Овие сторители можеби никогаш нема да бидат изведени пред лицето на правдата, но со нивното именување сакаме да обезбедиме јавна одговорност и да им помогнеме на жртвите кои долго време страдаат во тишина“, рече тој.

Јавниот обвинител ги обвини католичките водачи дека донесуваат одлуки и политики кои „им дозволуваат на познатите сексуални злоставувачи на деца да се кријат, често на очигледен поглед“.

Во државата Илиноис живеат 3,5 милиони католици, што е приближно 27% од вкупното население. Црквата поседува 949 парохии и има 2.215 свештеници и 1.372 ѓакони.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија