Истрага против Џастин Трудо за конфликт на интереси заради новогодишниот одмор на Бахамите

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо е ставен под истрага за можен конфликт на интереси заради новогодишниот одмор на Бахамските острови, пренесоа британските медими.

Канадските медиуми забележуваат дека досега немало ваков случај во Канада.

Конзервативната опозиција го заплиснува либералниот премиер со прашања за неговиот одмор на Бахамите за Нова Година.

Трудо минатата недела изјави дека на островот бил однесен со приватен хеликоптер, сопственост на Ага Кан.

Ага Кан е титула на водачот на исмаилитската фракција во шиитскиот ислам – заедница која брои околу 25 милиони лица низ светот.

Сегашниот Ага Кан е 80-годишен британски бизнис магнат, кој е близок пријател на семејството на премиерот и неговата фондација е регистриран лобист во Канада.

Освен против Трудо, федералниот комесар за конфликт на интереси и етика, Мери Досен, отвори истрага и против владејачката Либерална партија за евентуални нерегуларности во финансирањето.

Канадскиот премиер на власт дојде во ноември 2015 година со висок личен рејтинг. Во обид да си ја поврати довербата кај избирачите, Трудо го откажа учеството на Светскиот економски форум во Давос оваа недела и наместо тоа почна турнеја низ Канада.

Би можело да ве интересира

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада