Истрага на израелската војска: Веројатно израелски војник ја убил новинарката на Ал Џазера по грешка

Од:

Израелската војска денеска објави дека, судејќи според резултатите од истрагата, минатата пролет израелски војник ја убил долгогодишната новинарка на Ал Џезира, веројатно по грешка.

Висок воен функционер рече дека главниот правен советник на војската нема да покрене кривична истрага за инцидентот, што значи дека ниту војникот ниту некој од командата нема да бидат казнети.

Новинарката Ширин Абу Аклех беше убиена на 11 мај додека известуваше за нападите на израелската војска на окупираниот Западен Брег.

Палестинците го обвинија Израел за убиството, а израелските власти првично рекоа дека можеби била убиена од оган од екстремисти, но подоцна рекоа дека можеби била по грешка застрелана од војник за време на размена на оган.

На брифингот со новинарите, официјалниот претставник рече дека армијата не може дефинитивно да утврди од каде дошле истрелите, велејќи дека имало вооружени Палестинци во истата област каде што бил израелскиот војник.

Официјалниот претставник, сепак, рече дека е „многу веројатно“ дека војникот ја убил новинарката по грешка, но не објасни зошто сведоците и видеата укажуваат дека на тоа место имало ограничена екстремистичка активност и дека немало пукање во околината додека баражниот оган не ја усмртил Абу Аклех и рани уште еден новинар.

Резултатот од истрагата, објавен четири месеци по убиството, во голема мера се совпаѓа со неколку независни истраги кои беа завршени многу порано.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан