Источните Германци живеат подолго по обединувањето

Од:

Животниот век на источните Германци значително е зголемен по обединувањето со западна Германија, покажува истражувањето на Институтот за демографски истражувања.

– Обединувањето за 6,2 години го зголеми животниот век на мажите, а за 4,2 години на женбите, покажуваат резултатите од истражувањето на научникот Тобиас Вогт.

Ако Демократска република Германија се уште постои, момчињата родени во 2011 години би можеле да доживеат 70,9 години, а девојчињата 78,7 години. Но, сега тие момчиња би можеле да доживеат 77,1 година, а девојчињата 82,9 години.

– Иако понекогаш се занемарува, очекуваниот животен век е еден од најголемите придобивки од германското обединување, оценува Вогт, додавајќи оти тоа се должи на подобрата медицинска грижа и зголемувањето на животниот стандард.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски