Истече рокот за екстрадиција на Асанж

Од:

Рокот за екстрадиција на Џулијан Асанж на шведските власти по обвинението за силување и сексуален напад, истече во саботата.

Асанж се наоѓа во еквадорската амбасада во Лондон од 19-ти јуни, кога побара политички азил од Еквадор, чии власти се уште ја разгледуваат неговата молба, пренесува CNN.

Вишиот суд во Велика Британија, го отфрли барањето повторно да се разгледа неговата жалба на одлуката за испорака на Шведска.

Портпаролката на обвинителството потврди дека саботата требаше да биде последен ден кога се очекува екстрадицијата на основачот на Викиликс.

Британската полиција, според меѓународниот протокол, не може да влезе во амбасадата на Еквадор.

Асанж верува дека по екстрадицијата на Шведска, ќе им биде предаден на властите на САД, каде може да се соочи со освета на Стејт Департментот, поради објавување на 250.000 доверливи дипломатски документи.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска