Истече рокот од рускиот ултиматум за предавање на последните украински борци во Мариупол

Од:

Во 13 часот по средноевропско време истече рокот за ултиматумот што Русија им го постави на преостанатите украински бранители на Мариупол.

Да потсетиме, Русите побараа од преостанатите бранители на Мариупол да го положат оружјето. Засега нема знаци дека Украинците кои го бранат Мариупол се предале. Украинските маринци и членовите на Азовскиот полк се во фабриката за челик Азовстал, која е опкружена со голем број руски војници.

Утринава командантот на украинските маринци во Азовстал преку видео порака изјави дека е можно на бранителите да им „останат само денови или часови“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива