Истакнати Германци бараат дијалог на Западот со Русија

Од:

Група од 60 истакнати Германци побараа од државата и Западот да почнат дијалог со Русија верувајќи дека тоа е основата за обезбедување мир во Европа, а не понатамошна изолација на Москва што е „опасно за светот“.

Петицијатата – Нова војна во Европа? Не во наше име!, потпишана е од Германци од разни области – политика, економија, култура и медиуми, меѓу кои е и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и режисерот Вим Вендерс.

Групата истакнува дека сака да види менување на политиката на конфронтација спрема Москва кон политика на дипломатија.

Европа и Русија имаат заедничка одговорност да обезбедат мир и безбедност во Европа, а тоа може единствено да биде постигнато со подеднаква безбедност за сите и сите партнери да бидат почитувани, се вли во пораката. Групата истакната Германци сметаат дека и медиумите треба да се обидат да бидат пообјективни во извештаите и оти треба да престанат со сатанизација на Русија во секоја прилика.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски