Исповедите на луѓето кои го преживеаја 11 септември

Од:

Поминаа 21 година од терористичкиот напад во Њујорк, но раните се уште се свежи за многу преживеани. Некои останаа со физички последици кои го менуваат животот, додека многумина се борат со психолошка траума предизвикана од настаните од 11 септември.

Една од најтешко повредените преживеани, Лорен Менинг, се здобила со изгореници над 80 отсто од телото.

– Според сите медицински стандарди, требаше да умрам, изјави таа за Sky News.

Лорен штотуку влезе во Северната кула на Светскиот трговски центар тој ден кога првиот киднапиран авион „удри“ во зградата и испрати огнена топка низ окното на лифтот во фоајето.

– Беше тоа неверојатно силен, продорен звук, а веднаш потоа се беше исполнето со пламен. Болката беше неверојатна и продираше се подлабоко и подлабоко. Живa горев. Нема други зборови за тоа, рече таа.

Додека Лорен се борела со пламенот, таа истрчала надвор пред да падне и да се тркала на насипот каде што еден маж се обидел да и помогне.

– Не паднав и не умрев во пламенот, се борев за него. Му викнав да ме спаси од пламенот, рече таа.

Додека лежеше тешко повредена, Лорен со ужас гледаше како удира друг авион во Јужната кула на Светскиот трговски центар.

Видела луѓе како паѓаат од облакодерот, знаејќи дека нејзините колеги од финансиската фирма „Кантор Фицџералд“ се заробени на горните катови. Тој ден загинаа сите вработени во таа компанија, нив 658.

Лорен, која успеа да избега од бомбардирањето на СТЦ во 1993 година, успеа да најде помош, но нејзините шанси за преживување беа многу мали.

– Изгорениците беа од висок степен, 82,5 отсто од телото ми изгореа и повеќето беа трет степен, а повеќе од 20 отсто беа од петти степен, што значи дека губите мускул или коска и ви треба ампутација на прти на двете раце – таа рече.

Лорен беше пренесена во болница и ставена во индуцирана кома пред да биде префрлена во центар за изгореници.

За време на трите месеци кога беше во кома, нејзиниот сопруг Грег и читаше песни на Роберт Барнс и ја пушташе нејзината музика од деновите на нивното запознавање.

– Можеби тоа влијаеше на мене, знаејќи дека сум сакана, моите родители возеле со часови очекувајќи да ме видат мртва и секој ден беа покрај мене, додаде таа.

Неколку дена откако се разбудила од кома, едногодишниот син на Лорен, Тајлер, ја посетил за прв пат по нападот.

– Толку се плашев да не ме препознае, не ме препозна веднаш, но потоа се врати кај мене и ме препозна, мислам дека тоа беше поради моите очи и глас, рече таа и додаде дека тоа беше се што и требаше.

Лорен помина повеќе од шест месеци во болница и имаше неколку операции.

Би можело да ве интересира

Во САД започнаа одбележувањата по повод 21 годишнина од терористичките напади на 11 септември

САД ќе ја одбележат 11-годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001 година

Ана Ололовска

Напаѓачите од 11 септември имале логистика од Саудиска Арабија, ФБИ објави документи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 20 години од нападите на 11 септември

Катерина Ѓуровски

Бајден во пресрет на одбележувањето на 20-годишнината од нападите на 11 септември повика на национално единство

Катерина Ѓуровски

Анкета: Терористичките напади од 11 септември 2001 година го сменија начинот на живот во САД

Ана Ололовска