Анкета: Терористичките напади од 11 септември 2001 година го сменија начинот на живот во САД

Од:

Речиси две третини од Американците сметаат дека терористичките напади од 11 септември 2001 година неповратно го сменија начинот на живот во земјата. Ова го покажуваат податоците од анкетата на Фокс њуз.

Според нив, 64 отсто од Американците веруваат дека овие настани засекогаш го смениле начинот на живот во САД, а 24 отсто од испитаниците веруваат дека овие настани само привремено го нарушиле нивниот стандарден секојдневен живот. Само 9 отсто од испитаниците не забележале дека нешто значително се променило во нивните животи по нападите на облакодерите.

Сепак, секој втор Американец смета дека 11 септември треба да биде прогласен за слободен ден во спомен на жртвите.

Анкетата беше спроведена од 7. до 10 август, а учествуваа 1002 лица.

На 11 септември 2001 година, 19 терористи на „Ал Каеда“ киднапираа четири патнички авиони во САД, од кои два удрија во кулите на Светскиот трговски центар – највисоките згради во тоа време во Њујорк, третиот во зградата на Пентагон во предградието на Вашингтон, а четвртиот авион се урна во близина на градот Шенксвил, Пенсилванија. Како резултат на терористичките напади, загинаа 2.977 луѓе.

Би можело да ве интересира

Во САД започнаа одбележувањата по повод 21 годишнина од терористичките напади на 11 септември

Исповедите на луѓето кои го преживеаја 11 септември

САД ќе ја одбележат 11-годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001 година

Ана Ололовска

Напаѓачите од 11 септември имале логистика од Саудиска Арабија, ФБИ објави документи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 20 години од нападите на 11 септември

Катерина Ѓуровски

Бајден во пресрет на одбележувањето на 20-годишнината од нападите на 11 септември повика на национално единство

Катерина Ѓуровски