Испораките на мобилни телефони во Кина драстично се намалија во февруари

Од:

Испораките на паметни телефони во Кина се намалија за речиси една третина во февруари, соопшти денеска Кинеската академија за информации и комуникации (CAICT).
Минатиот месец биле испорачани 14,5 милиони мобилни телефони, што е за 31,8 отсто помалку од истиот месец лани.

Во споредба со јануари, нивниот број според CAICT е над двојно помал.

Производителите на мобилни апарати моментално се соочуваат со големи проблеми во производството поради недостигот на компјутерски чипови во светот.

Недостигот особено тешко ги погоди автомобилските компании, поради погрешните проценки на побарувачката, неочекуваното затворање на фабриките и тензиите во односите меѓу САД и Кина.

Проблемите, во меѓувреме, ескалираа и зафатија широка палета на чипови и разни видови електронски уреди, вклучително и мобилни телефони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна