Исландската опозиција прогласи победа на изборите

Од:

Исланската опозиција од десниот центар утрово прогласи победа на парламентарните избори, после обработени 45 отсто од гласовите, со што, според аналитичарите, бирачите ја казниле актуелната левичарска влада поради острите мерки за штедење во изминатите четири години.

Доколку бидат потврдени првичните резултати од вчерашните избори, на власт ќе се врати десничарската Независна партија и центристичката Напредна партија, кои се залагаат за прекин на преговорите за пристапување на Исланд кон Европската унија.

– Независната партија сега повторно ја презема должноста. Сегашната ситуација бара промени, изјави лидерот на победничката партија Бјарни Бенедиктсон (43) во обраќањето пред приврзаниците и наведе дека е подготвен да преговара со цел формирање владина коалиција.

Тој рече дека после пребројувањето на 45 отсто од гласовите, неговата партија би требало да има 21 од вкупно 63 пратенички места.

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски