Исланд се откажа од ЕУ

Од:

Исланд се откажа од влезот во Европската унија, тоа го соопшти на Европската комисија исландскиот министер за надворешни работи Гунар Браги Свеинсон во текот на посетата на Брисел.

– Ова е начинот на кој што демократијата дејствува-изјави тој и истакна дека двете партии кои што ја сочинуваат новата влада работеле на откажување од преговорите со ЕУ, а граѓаните им дале поддршка во одлуката.

– Главната цел на ова патување беше да и кажам на Комисијата дека новата влада на Исланд одлучи да ги суспендира преговорите. Исланд е дел од Европа и сакаме да ги зајакнеме односите со останатите држави на други начини-изјави тој.

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе истакна дека не му е лесно да ја прифати одлуката и дека тоа го доживеал како личен удар.

– Јас сум професионален и ја почитувам без прашање и сомнеж, волјата на граѓаните и нивните претставници. Лично сметам дека преговорите со Исланд треба да продолжат-изјави Филе.

Исланд преговорите за ЕУ ги започна во 2010 година, за време на поранешната социјалдемократска влада. Владата тогаш тврдеше дека влезот во ЕУ ќе ја зајакне економската позиција на Исланд.

Но, изборите кои што се одржа во април ја променија владата и сега таа е составена од Независна и Прогресивна партија, партија на десниот центар кој што е против членството во ЕУ.

Анкетите покажуваат дека само 25 проценти од граѓаните на Исланд даваат поддршка за влез во ЕУ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он